Синопсис
Откако по филмовите „Брзи и бесни“ и „xXx“ американскиот глумец Вин Дизел станува акциона ѕвезда, можел да избира нови проекти со кои ќе ѝ се претстави на публиката. Така, во 2003 во кино салите се појавува акцискиот трилер „ Скршен човек “ во кој Дизел нема повеќе имиџ на насилник во лесни акциски филмови, туку одбира жестока приказна за борба на полицијата и трговците со дрога на американско-мексиканската граница. Шон Витер и Димитриус Хикс се агенти од управата за борба против дрога кои мислеле дека извршиле апсење на животот кога го фатиле мултимилионерот и кралот на дрогата, Мемо Луцеро. Откако тој завршува во затвор, на чело на картелот доаѓа уште поопасниот и помоќен Диабло, кој нарачува убиство за Витер. Работите тргнуваат во несакан правец и жена му на Витер ја убиваат. По нејзината смрт, Витер тргнува во одмазничка борба за да го изведе Диабло пред лицето на правдата.