Синопсис
Од познатиот режсер Брет Морген, „Кобејн: Ѓаволска монтажа е првиот целосно овластен документарец кој ги спојува личната архива на уметнички дела, текстови, музика (позната и досега нечуена), домашни снимки на Кобејн, со анимација и интервјуа со неговото семејство и лицата блиски до него. Следејќи го Курт од почетните години во Абердин, Вашингтон, преку врвот на неговата слава, овие искрени сведоштва создаваат интензивен и моќен филмски поглед на уметникот кој копнееше по тоа да биде во центарот на внимението дури и кога ги отфрлаше стапиците на славата. Луѓето од генерацијата на Курт ќе дознаат работи за него што досега не ги знаеле. Тие што во поново време дознале за човекот и неговата музика ќе разберат што го прави Курт толку долготрајна икона. Исто како и самиот легендарен фронтмен на Нирвана, „Кобејн: Ѓаволска монтажа е полн со автентичност и искреност.