Синопсис
Харди (Џон Траволта) е агент на ДЕА којшто работи на случајот на исчезнување на шестмина кадети ренџери и на нивниот легендарен инструктор Вест (Семјуел Л. Џексон). Тие мистериозно исчезнале за време на вежба во џунглите на Панама, а пронајдени се само двајца преживеани, но нивните приказни воопшто не се совпаѓаат. Одговорите на прашањата за тоа што навистина се случило во џунглата и каде се Вест и неговите кадети се таинствен предизвик за Харди, кој сфаќа дека мора да тргне во потрага по исчезнатите зашто никој друг нема да успее да ги пронајде, освен поранешниот ученик на Вест...