Синопсис
Џастин Лонг и Еми Росум се љубовници чија врска цвета и опаѓа во текот на шест години, во оваа таинствена и мошне оригинална романса. Кога една случајна средба ги спојува циничниот Дел (Лонг) и остроумната Кимберли (Росум), сцената е поставена за бурна љубовна врска која се развива на мошне директен начин. Додека дејството на филмот се движи напред и назад низ времето, од еден метеорски дожд во Лос Анџелес до една средба во париска хотелска соба, па сѐ до судбоносниот телефонски повик, гледаме како се оформува незаборавен портрет на една врска. Снимен во раскошна атмосфера и со неверојатна хемија помеѓу главните ликови, филмот „Комета претставува уникатна космичка љубовна приказна.