Синопсис
Животот станува една голема стапица за 32-годишниот Вилард Стајлс. Прогонет од духот на неговиот мртов татко, психолошки задушен од својата мајка и исмеван од своите соработници, Вилард (Криспин Гловер) дознава едно морничаво откритие. Тој има моќ да се поврзува со стаорците кои живеат во неговиот подрум. Одеднаш Вилард има пријатели, и тоа стотици. Но, се подготвува бура, па кога доаѓа до трагедија, еден незапирлив бран од гладни и безмилосни стаорци бараат одмазда за нивниот пријател Вилард.