Синопсис
Малото рибарско село Тикл Хед е принудено да побара финансиска помош за да опстане. Шансите им се мали зашто за да да ја добијат помошта, селото треба да има лекар, а го бараат веќе осум години. Се појавува еден кандидат, д-р Пол Луис, па тие се надеваат дека ќе успеат да го заведат за да остане подолго од пробните месец дена. Креативниот Мари Френч користи секакви средства за да му овозможи предност на своето село - му го прислушкува телефонот на Пол и успева да го натера целото село да научи да игра крикет, зашто тоа е омилениот спорт на Пол.