Синопсис
Камил ќе го засака Ерик на 16 години, додека уште се во средно училиште. Тие ќе се земат, ќе имаат дете и ќе бидат среќни. Но, по 25 години, Ерик ќе ја напушти Камил и ќе замине со помлада жена. Камил толку многу ќе се опие една ноќ, што ќе падне во алкохолна кома. Додека е во кома, таа ќе се врати назад во времето и повторно ќе се најде во средно училиште. Дали повторно ќе го избере Ерик?