Синопсис
Мјуриел Хеслоп (Тони Колет) е девојка која не се вклопува во средината. Живее со своите родители во досадното летувалиште Порпоз Спит. Во нејзиниот свет владеат песните на групата АБА и каталозите за венчавки. Мјуриел го чека принцот на бел коњ да дојде да ја спаси од доминантниот татко, локалниот политичар Бил (Бил Хантер) и од депресивната мајка. Но од принцот нема ни траг ни глас, па Мјуриел решава самата да оди во Сиднеј и да го пронајде!