Синопсис
Филмот ги следи авантурите на Самчо, палавата верверичка од градскиот парк и нејзиниот пријател, стаорецот Ортак. Самчо е исфрлен од паркот и присилен е да живее во големиот град во кој тешко се снаоѓа. За среќа, еден ден наидува на топла и добро снабдена продавница за јаткасти плодови во која го пронаоѓа решението за сите свои проблеми. Самчо и Ортак коваат план да ја ограбат продавницата, но сопствениците на продавницата се самите ограбувачи на банки кои сакаат да ископаат тунел до банката од другата страна на патот. Тие ги сметаат стаорците и сите други глодари за свои непријатели, па Самчо и Ортак мораат да ги викнат на помош пријателите од паркот.