Синопсис
Нејт (Џим Кавизел) штотуку излегол од затвор и треба да ја врати довербата на семејството, па го носи на излет. Неговиот план тргнува наопаку кога група криминалци ќе сокрие во неговиот автомобил четири милиони долари украдени во крвав грабеж на банка, со намера да си ги врати назад кога ќе поминат полициските блокади пред нив. Семејството на Нејт е целосно несвесно за својата тајна задача и јури по патот, но криминалците нема да запрат пред ништо за да си го повратат пленот. „Потера“ е високо-октански, експлозивен акциски трилер на легендарниот продуцент на акциски филмови Џоел Силвер. Врзете ги ремените, ова ќе биде опасно возење...