Синопсис
Делфт, Холандија, 1665 година. Откако татко ѝ ќе ослепи по експлозијата на печката, 17-годишната Грит мора да работи за да го прехрани своето семејство. Таа станува помошничка во куќата на Јоханес Вермер и постепено го привлекува вниманието на сликарот. Нејзиното интуитивно сфаќање на боите ќе ја приближи до сликарот и до таинствениот свет на сликарството. Но Грит не го привлекува само Вермер, туку и локалниот месар Питер, како и богатиот клиент на Вермер, Ван Рајвен, кој е нервозен зашто со своите пари не успева да го контролира уметникот.