Синопсис
Наставникот Робинсон и неговата сопруга Елизабет имаат една желба - да добијат дете. Една ноќ, јавајќи низ пустината, Елизабет ќе биде очевидец на убиството на тројца луѓе. Таа ќе реши случајот да го пријави во полиција. Тие ќе станат заштитени сведоци, но нема да се откажат од својот животен сон. Кога целта ќе биде на повидок, Елизабет ќе загине во експлозија на бомба поставена во автомобилот. Робинсон ќе реши да ја одмазди нејзината смрт...