Синопсис
Биографскиот филм за Стив Џобс (Ештон Качер) ја следи неговата кариера како коосновач на „Епл“, од нејзините почетоци во неговата гаража до статусот на еден од најголемите иноватори во компјутерската индустрија. Ги следиме клучните моменти што доведоа до успехот на Џобс и разговорите што го направија толку контроверзна фигура меѓу критичарите. Филмот претставува интимен портрет на мотивираниот и комплексен човек кој го посвети својот живот на создавање револуција во начинот на кој ги користиме компјутерите.