Синопсис
Наставничката во основно училиште Ана Марчант (Мила Јовович) е жртва на сериски убиец која го преживува нападот, но сега треба да се бори со невролошкото пореметување прозопрагнозија, односно неможност да се препознаваат лица. Таа препознава само гласови и се бори да ја прифати својата дијагноза. Терапијата ѝ обезбедува алатки за да функционира во светот во кој сега живее. Станува сѐ поприврзана за единственото лице кое ѝ изгледа познато - тоа е детективката Керест, заедно со која сакаат да го идентификуваат убиецот пред тој да ја најде својата следна жртва.