Синопсис
Луси Хил (Оскаровката Рене Зелвегер) има успешен и речиси совршен живот - живее во луксузен стан во Мајами Бич, има врвна кариера како извршна директорка во компанија од Форбсовата листа 500 и е на пат набргу да стане потпретседателка. Што може повеќе да посака една девојка? Но животот на Луси ќе биде втурнат во вител кога ќе замине на деловно патување во Минесота. По слетувањето на аеродромот, Луси ќе се најде на удар на северниот ветер којшто речиси ја соборува на земја. Локалните жители со чудење ја гледаат додека се обидува на мразот да ја помрдне количката преполна со дизајнерски куфери. Очигледно, Луси не се снаоѓа најдобро во сето тоа.