Синопсис
Ова е хумористичен настан кој не смее да се пропушти! Ејч-Би-Оу претставува ексклузивна адаптација на моменталното бродвејско хит шоу на Пол Ројбенс. „Шоуто на Пи-Ви Херман на Бродвеј“ е снимено во „Стефен Сондхајм“ театарот во Њујорк, во јануари 2011 година, веднаш по одлуката за неговото ограничено прикажување на Бродвеј. Ставајќи акцент на концептот „Забава за деца од сите возрасти“, „Шоуто на Пи-Ви Херман на Бродвеј“ на новата генерација ќе ѝ ги покаже „зборот на денот на Пи-Ви“, текила танцот, глинената ѕвезда Пени и многу други работи, додека ги задоволува старите обожаватели со оживувањето на нивните омилени ликови и фрази. Овој омаж на детските емисии од 1950-те се комплетира со моментални културни референци засилени со иронични пресврти кои се уникатни за Пи-Ви. „Куќата за играње на Пи-Ви“ е полна со чуда и „Шоуто на Пи-Ви Херман на Бродвеј“ ги оживува со повеќе ексцентричен хумор и откачени ликови од кое било друго шоу на „Големиот бел пат! Бесконечност!“.