Синопсис
Грејси е единствена ќерка во семејството и има тројца браќа, а животот на нивното семејство се врти околу фудбалот затоа што нејзиниот татко бил фудбалска ѕвезда, а сите тројца браќа играат фудбал и деноноќно вежбаат во дворот. Но на семејството му се случува трагедија кога Џони загинува во сообраќајка. За подобро да се справи со загубата, Грејс одлучува да заигра во екипата на браќата наместо него, но училиштето не им дозволува на девојките да играат во училишниот тим. Но Грејс не се откажува, па од училишниот одбор бара да ја примат во тимот, а му помага и на семејството да се справи со тагата поради трагедијата.