Синопсис
Тие не се во брак, флексибилни се, финансиски се независни... И самци се. Дали долгорочните врски се анахронизам или недостижен идеал? Како современиот свет ги обликува нашите врски, им се заканува или позитивно влијае врз нив? Како врските во Чешка се променија во последниве неколку години? Дали го изгубивме нашиот страв од осаменост? Луѓето денес не само што се сами, туку системот ги турка и кон тоа да бидат пазарно ориентирани и одговорни. Па, тие и се однесуваат соодветно, тие се пазарно ориентирани – раѓањето деца не е профитабилно. Само самите мажи и жени ја имаат флексибилноста и подвижноста која ја бара пазарот. На кој начин пазарот ги искористува и како тој помага да се создаваат самци? Личниот живот станува бизнис... Филмот го користи следниов слоган: „Мој живот, ваши пари!“.