Синопсис
Роуз е самохрана мајка и чистачка која има осумгодишен син за кого се обидува да создаде подобар живот. Поддршка ѝ даваат нејзината сестра Нора и нејзиниот татко Оскар. Покрај тоа, Роуз одржува љубовна врска со поранешниот дечко кој е оженет. Роуз наскоро сфаќа дека е возможно да се заработат големи пари чистејќи места на злосторства и места за одлагање опасен отпад, па таа и најзината сестра основаат компанија. Наскоро компанијата постигнува успех, а Роуз и Нора одлучуваат и да ги исчистат своите животи.