Синопсис
Средовечниот неуспешен возач на комбе Џеј (Ренди Назаријан) добива задача да го вози раздразливиот старец Хари (Рејмонд Џ. Бери) во новиот дом. Попатно доживуваат серија несреќни случаи, вклучувајќи го и тоа што ги собира група танчери на бурлеска предводени од Ред ( Шондрела Ејвери) и изведување на импровизирана комична точка. Просветлувачко патување кое на двајцата мажи им дава нов поглед на животот.