Синопсис
Необична забавна комедија за младата натпреварувачка која со своите импресивни вештини освојува стипендија за факултет и место во еСпорт тимот во кој доминираат машки. Иако не е најдобро примена од колегите соиграчи во тимот, таа продолжува со играта. Ѝ се придружува најдобрата другарка, па под водство на нивната тренерка (Руби Роуз), жестокиот женски тим бргу напредува до заедничката цел: да ги победат фраерите кои не сакаа да им дадат шанса!