Синопсис
Џон Стоквел е режисер на „Сред никаде“, романтична комедија за спротивставени мајка и ќерка, каде главните улоги ги играат Сузан Сарандон и нејзината вистинска ќерка Ева Амури. Амури ја игра Грејс, млада жена чија неодговорна мајка (Сарандон) ја троши заштедата за колеџ за учество на изборот за убавици на помалата сестра .
Посвоениот Доријан, неуморен бељаџија, е пратен во домот на чичко му, во мало гратче. Грејс, паметна и со силна волја, открива дека нејзината себична мајка, Ронда, решила да инвестира во помалата сестра Тејлор и нејзината иднина како тинејџерска убавица, наместо во иднината на Грејс како докторка. Кога Доријан ќе скове план како да заработи пари со продавање трева, неговата нова другарка Грејс незадоволно се согласува да му биде возач за да заработи пари и сама да си плати за студиите. Двајцата чудно се поврзуваат, а нивната врска станува триаголник кога Тејлор, сестрата на Грејс развива чувства за Доријан, а Доријан открива дека има чувства за Грејс.