Синопсис
Таинствена сила ја исфрла Месечината од Земјината орбита и ја испраќа директно во судир со животот каков што го познаваме. Само неколку недели пред ударот, кога светот се наоѓа на раб на уништување, извршната директорка на НАСА и поранешна астронаутка Џо Фаулер (Хали Бери) е уверена дека постои клуч за спас. Нејзиниот поранешен колега астронаут Брајан Харпер (Патрик Вилсон) и теоретичарот на завери Кеј Си Хаусман (Џон Бредли) се единствените што ѝ веруваат. Овие херои ќе тргнат во неверојатна последна мисија во Вселената, а таму ќе откријат дека нашата Месечина не е тоа што мислиме.