Синопсис
Кога животот на земјата станува невозможен, владејачката елита ја населува планетата Кеплер 209. Но поради новата атмосфера, новите жители стануваат стерилни. Две генерации подоцна, треба да се утврди дали е животот на земјата повторно возможен: мисијата Одисеј 2 би требало да донесе безбедност. Астронаутката Блејк единствена го преживува слетувањето на капсулата - но набргу сфаќа дека не е сама на земјата. Започнува борбата за опстанок и Блејк е приморана да донесува одлуки кои ќе ја одредат судбината на целото човештво.