Синопсис
По 15 години неуспешна театарска кариера, Франк решава да го промени својот живот. Наоѓа навидум совршена работа како чувар во Музејот за ликовни уметности во Дижон и ги поминува деновите седејќи на својот стол. Сибил е музејска агентка, која е во најмала рака темпераментна и не го сака новиот колега, па ќе се потруди да му го отежне животот и ќе стори сѐ за да го обесхрабри. Но излегува дека Сибил крие матни работи, а наместо да ја издаде, Франк ќе се обиде да ѝ помогне.