Синопсис
Кога маж ѝ наеднаш исчезнува, потценетата домаќинка Су Батонс добива улога на локална ѕвезда додека ја пребарува целата област во потрага по него. Во обид да ја продолжи новостекнатата слава, таа влетува во урнебесни ситуации поради кои светот ѝ се превртува наопаку. Треба да се справи со несудената мафијашка (Аквафина), неуморната полицајка (Ребека Хол), нејзината полусестра новинарка (Мила Кунис) која е во потрага по новинарска сторија и со братот на нејзиниот маж (Џими Симпсон). Сите тие се тргнати да ја откријат вистината зад исчезнувањето.