Синопсис
Приказна за една невообичаена тинејџерка чиј ум постојано одлетува кон мисли за пораснување, наоѓање на совршеното момче, и правење на најдобрата роденденска забава во историјата.
„Ангус, каиш и совршено лапање“ е урнебесна приказна за созревањето. Гуриндер Чада имаше многу британски пристап кон американските средношколски филмови како „Збунета“ и „Злобни девојки“. Врз основа на меѓународната бестселер серија книги на Луиз Ренисон, филмот ја следи ексцентричната и неодолива Џорџија Николсон, додека се справува со траумата од тоа да се биде тинејџер, и се качува по „скалата на лапање“. Несфатена од своите прастари родители, но спасена од љубовта на нејзината мачка, Ангус, и нејзините пријатели од бандата „Ејс“, Џорџија се бори низ животот, во потрага по нејзините две главни желби: 1. Да најде прекрасен секс бог за момче. 2. Да ја направи најдобрата забава за прослава на 15-от роденден во историјата. Кога згодните браќа, Том и Роби пристигнуваат во училиштето, Џорџија мисли дека нејзините сништа за момче се исполнуваат. Но, кога го гледа Роби со нејзината ривалка, Линдзи, таа подготвува план за да му покаже на Роби дека таа е зрелата, софистицирана девојка која тој ја заслужува. За жал, плановите на Џорџија – кои вклучуваат лекции по лапање, следење на Линдзи и боење на своите нозе во портокалово – не одат баш како што треба. Покрај нејзините сопствени љубовни проблеми, родителите на Џорџија минуваат низ турбулентен период, што резултира со тоа Џорџија да ја чувствува одговорноста за зачувување на семејството. Во нејзиниот обид да го добие Роби и да го спречи распадот на семејството, Џорџија се претвора од себична девојка во млада жена.