Наградата „Ристо Шишков“ за хрватскиот актер Драшко Зидар
Хрватскиот актер Драшко Зидар ја доби наградата за високо актерско остварување на 27-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков", кое заврши синоќа во Струмица. Актерот наградата ја доби за улогата на Сладек во претставата „Аудиенција", работена по текст на Вацлав Хавел, во режија на Дражен Ференчина, а во продукција на театарот од Вировитица, Република Хрватска.