SEASON: 3
Синопсис
На летниот семестар Алфи Викерс (Џек Вајтхол) се враќа во улогата на откачениот наставник во училиштето „Аби Гроув во Хертфордшајер. Бидејќи доаѓаат испитите, време е Алфи конечно да се спастри и да предава во својот клас, но патот до петките никогаш не бил лесен. Алфи дефинитивно има најдобри намери за својот клас, но вистината е дека тој е поголемо дете од кое било од децата на кои им предава, па неговите добри намери секогаш завршуваат катастрофално. Но, тој сепак се грижи. Можеби ова ќе биде семестарот кога конечно ќе порасне.
Наставничката канцеларија овој семестар нема да биде воопшто полесна од училницата. Таткото на Алфи, Мартин Викерс (Хери Енфилд) е назначен за нов заменик-директор, па и покрај неговите протести дека нивниот однос нема да влијае врз работата, приказните за „мокрење на неговиот 18 роденден значат дека сето тоа е надвор од контрола за Алфи. И неговиот љубовен живот е катастрофа. И покрај тоа што на почетокот на семестарот живее со својата девојка, наставничката по биологија, г-ѓа Гуливер (Сара Солемани), работите набргу одат во погрешна насока. Многу брзо г-ѓа Гуливер се враќа во рацете на бившиот. Фрејзер (Метју Хорн) го започнува летниот семестар со штрајк пред себе откако лошо ги инвестира училишните пари во своите алишта од „Долче и Габантер.