SEASON: 1
EPISODE: 5 - LOOKING FOR THE FUTURE
Синопсис
Серијата „Гледање ни ги прикажува искуствата на тројца блиски пријатели кои се вљубуваат и живеат во Сан Франциско од денешно време. Можеби нив ги врзува пријателството, но секој од нив се наоѓа во сосема различна точка од својот живот. Патрик е 29-годишен дизајнер на видеоигри и повторно почнува да излегува на љубовни состаноци по свршувачката на неговото поранешно момче. Надежниот уметник Агустин, кој има 31 година, ја преиспитува идејата за моногамија, во обид да го среди животот со своето момче. А најстариот член на групата, долгогодишниот келнер Дом, кој има 39 години, се соочува со неисполнување на своите романтични и професионални соништа кога влегува во средната доба од својот живот.
Приказните на тројцата се испреплетуваат и тие доживуваат драматични пресврти во нивната потрага по среќа и интимност во време на невидена можност за слободен избор и за правата на хомосексуалните мажи. За серијата „Гледање битна е и прогресивната, непредвидлива и сексуално отворена култура на Сан Франциско, а самите локации во градот служат како сцена за животите на главните ликови. Во серијата се уште и Дорис, цимерката на Дом, потоа Френк, момчето на Агустин, како и Овен, колегата на Патрик, заедно со нивните симпатии Кевин, Лин и Ричи.