SEASON: 3
EPISODE: 4 - IF A HAM FALLS IN THE WOODS
Синопсис
Во третата сезона, високо ценетата комедија од страна на критичарите „Родители и деца“ на Грег Гарсија, добитник на наградата „Еми“, повторно го прикажува семејството Ченс додека го одгледува најновиот член: бебето по име ХОУП.
На 23 години, Џими (Лукас Неф) неочекувано станува самохран родител. Неговата животна цел сега е да биде најдобриот татко на светот. Родителите на Џими, Вирџинија (Марта Плимптон) и Берт (Герет Дилахант), кои го добиле Џими на 15-годишна возраст, се радуваат што повторно се занимаваат со бебе. Тие направиле грешка со Џими, но сега имаат шанса неа да ја поправат со својата внука. Со семејството Ченс живее хистеричната чукунбаба на Џини, Мау-Мау (Клорис Лихман), која порано била столб на семејството, а сега сите ги вади од такт. Во нејзината глава куќата е нападната од мунгоси, таа го мами својот починат сопруг, а надвор се води Втората светска војна.
Џими работи во супермаркетот „Хаудис“, а тоа му дава добар изговор да минува повеќе време со својата долгогодишна симпатија Сабрина (Шенон Вудвард), саркастична продавачка и константа во семејството Ченс. Џими и Сабрина му одговараат на менаџерот на супермаркетот, Барни (Грег Бинкли), чии чудни обиди да го подобри моралот на вработените секогаш ги држат на готовс.