Голем одзив во Србија за премиерата на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски
Манчевски е „легендарен режисер“, „имагинативен и комплексен автор со префинет и истражувачки дух“, најавуваат белградските медиуми. Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски имаше кинопремиера во Србија, првин во култниот Културен центар на Белград, потоа во Нови Сад, а понатаму се прикажува и ширум земјата.