Синопсис
Во 1972 г. се донесени мерки за претпазливост при средби со вонземјани. Откритието на НЛО се нарекува средба од прв вид. Наоѓањето докази е познато како средба од втор вид. Контактот со вонземјани означува средба од трет вид. Следната фаза, грабнување, се нарекува четврти вид. Во моментот е најопасно на Алјаска, каде што од година во година значителен дел на населението се прогласува за исчезнато. И покрај постојаните истраги на ФБИ, вистината за нивните исчезнувања никогаш не се открива. Во овој осамен регион, д-р Абигејл Тајлер (Мила Јовович) почнува да снима сеанси со трауматизирани пациенти и сосема случајно открива некои крајно вознемирувачки докази за грабнувања од страна на вонземјани. Филмот „Средби од четврти вид“ се занимава со застрашувачките откритија на сведоците, чии сведоштва се речиси идентични до најситен детал.