Синопсис
Шони е осамен човек одговорен за собирање ѓубре кое илегално е фрлано во предградијата на градот. Фло е воинствена тинејџерка која прв ден работи за комуналната служба. Денеска им е првиот заеднички ден на работа....
Шони е осамен, гранично растроен човек кој ги празни кантите на осамените делови од автопатиштата на кои сè уште нема сервисни станици. Тој исто така е одговорен за собирање на ѓубрето кое илегално е фрлано во предградијата на градот. Фло е воинствена тинејџерка која прв ден работи за комуналната служба поради пишување графити низ градот. Денеска им е првиот заеднички ден на работа и нивните ставови кон ѓубрето и уметноста не може да бидат поразлични. Кога тие фаќаат еден пар како илегално фрла ѓубре покрај патот, започнува трескавична бркотница. „Шони и Фло“ е краткометражна комедија за сознавањето кога да се кршат правилата.