Синопсис
Клинт Иствуд се враќа во улогата на камионџијата и тепачот Фило Бедоу, во ова продолжение на филмот „Човекот од Сан Фернандо. Фило сè уште живее со својата луда мајка и со својот орангутан Клајд, обидувајќи се да се врати во бизнисот со тепање. На Фило му нудат натпревар со Џек Вилсон, кој е шампион на Источниот брег и е спонзориран од мафијата. Откако Фило не сакајќи го спасува животот на Џек, натпреварот е доведен во прашање, па мафијата ја киднапира девојката на Фило за да го присили да ја прифати борбата, а Фило и Џек ги здружуваат силите против нив.