Синопсис
На 30 години, Бруно знае дека неговите најдобри години се зад него. Тој е поранешен поп музичар кој е сега сведен на пишување текстови за песни, за да заработи за корка леб. Одеднаш, од никаде добива телефонски повик од една поранешна девојка која не ја видел четиринаесет години. Таа му јавува дека има 13 годишна ќерка, Ненси, и дека тој ѝ е татко. Бруно со сомнеж се согласува да го види своето дете и неговата првобитна незаинтересираност се претвора во родителска загриженост кога гледа во која насока се движи животот на Ненси...