Синопсис
Ингер со радост ја очекува прославата на својот 60-ти роденден во Хрватска, но тогаш открива дека сопругот ја изневерува. Депресивна, тргнува за Сплит со своите ќерки, разумната Малин (35) и хаотичната Тове (33). Ингер и Малин се слични, додека Тове се обидува да се вклучи во нивниот круг. Сестринското ривалство наскоро прераснува во натпревар околу тоа кој подобро ќе ја утеши мајката.
Малин ѝ нуди масажи и смирувачки екскурзии, додека Тове верува во сосема поинакви методи - му плаќа на барменот Антонио, со кого спиела и самата, да ја изнесе Ингер на состанок и да ја бакне. Излегувањето е успешно и Ингер и Антонио вистински ќе се засакаат, па за момент ќерките ќе помислат дека ја изгубиле својата мајка во прегратките на шармантниот казанова.
Модерна комедија за љубовта, лагите и сексот, за сестринското ривалство и за неочекуваната позитивна страна на неверството.