Синопсис
Поранешниот гангстер Гери во текот на својата кариера како криминалец собрал доволно пари за скромна пензија. Среќен што може конечно зад себе да го остави ризичниот живот, тој се преселил во Шпанија заедно со својата сопруга Диди, каде што живее удобен живот со семејството и пријателите. Идиличниот живот му го прекинува поранешниот соработник Дон кој го тера да прифати нова работа со ограбување банки.