Синопсис
Величествена приказна од времето на храбрите витези, прекрасните принцези и волшебниците, која ќе ни покаже дека љубовта е посилна од секаква магија.
Руслан е уметник кој сонува да стане витез. Ја запознава прекрасната Мила и се вљубува во неа, не насетувајќи дека таа е ќерка на кралот. Среќата на младите не трае долго зашто злобниот волшебник Черномор ја грабнува Мила за нејзината љубов да ја претвори во своја волшебна моќ. Руслан тргнува во потрага по украдената принцеза за да докаже дека љубовта е посилна од магијата.