Синопсис
Петмина најдобри пријатели сонуваат да делат заеднички стан, па штом им се укаже шанса, Жулија, Вадим, Нестор и Тимотеј без размислување прифаќаат. Особено кога Самуел ветува дека тој ќе плаќа половина од киријата. Но набргу по вселувањето, Самуел останува без пари, а решава никому да не каже ништо, туку се обидува да собере пари со дилање дрога. Но не излегува дилер каков што планирал да биде, па кога сѐ ќе пропадне, тој се свртува кон единственото семејство што го има - своите пријатели.