Синопсис
Додека другите деца учат со часови за да добијат оценка во некој професорски дневник, „Згодниот“ Дејвис тоа го смета за систем кој го контролира умот. Затоа „Згодниот“ и неговите тројца најдобри пријатели, Семи, Виктор и препишувачкиот гениј, Еплби се здружуваат за да најдат начин да мамат на тестовите во сите години од средното училиште. Сè се одвива добро сè додека дружината не доаѓа во последната година од средното училиште, а влоговите ги зголемува училишната директорка, г-ѓа Старк. Доколку повторно ги фатат како мамат, Старк ќе го забележи тоа во нивните книшки и можеби ќе ги уништи нивните шанси да се запишат на колеџ. Но, може ли „Згодниот“ да ги убеди своите пријатели да изведат уште едно, големо препишување заедно со него и со тоа да ги надмудрат Старк и системот, па дури ако тоа значи и да ги уништат своите пријателства?