Синопсис
Снимен во текот на 14 месеци со невиден пристап до внатрешниот круг на човекот и спортот, ова претставува првиот официјален и целосно овластен филм за еден од најславните личности во фудбалот. Првпат во историјата светот добива поглед одблизу до фудбалерот, таткото, семејниот човек и пријателот во овој трогателен и фасцинантен документарец. Преку разговорите, фудбалските снимки и низ до сега невидените архивски снимки, филмот ни дава неверојатен поглед во спортскиот и личниот живот на тројниот добитник на „Златна топка, Кристијано Роналдо, на врвот на неговата кариера. Филмот од создавачите на „Сена и „Ејми, „Роналдо ја носи публиката на интимно патување кое ни прикажува каков е животот на овој познат спортист.