Синопсис
„Лимонада е вториот „визуелен албум на американската пејачка Бијонсе, издаден на 23 април 2016 година и иако неговиот претходник имаше посебни музички видеа за секоја песна, „Лимонада по своето издавање беше придружуван од едночасовен истоимен филм со премиера на ХБО. Албумот се обраќа на движењето „Црните животи се битни. Мајките на Трејвон Мартин (Сибрина Фултон), Мајкл Браун (Лесли Мекфејден) и Ерик Гарнер (Гвен Кар) се прикажани како држат слики од нивните починати синови. Филмот прикажува многу различни слики, пред сѐ од самата Бијонсе, од студиските танцови точки, преку поетски секвенци од природата на американскиот југ, до урбани ноќни снимки, како и домашни снимки на Бијонсе. Подеднакво како и стиховите и поетските делови, визуелните сегменти предизвикуваат комплексни идеи за расата, полот, моќта, бракот, неверството, родителството и искуството на црните жени во Америка.