Синопсис
Хемикалиите за потиснување пожари се наоѓаат насекаде, во нашиот мебел, во нашите домови, па дури и во нашите тела. Сепак, тие хемикалии не ги спречуваат пожарите. Но, успеваат да нè разболат. Па, зошто ги користиме? За да ги најде одговорите на тоа прашање, „Токсична оставштина ни дава длабок приказ на светот на парите, политиката и моќниците, како и на неколкумина храбри граѓани кои сакаат да се спротивстават на ова. Филмот прикажува една храбра група пожарникари, мајки, новинари, научници, политичари и активисти во нивната борба да ја разоткријат таинствената измамничка кампања која речиси 40 години оставаше токсично наследство во американските домови и тела.