Синопсис
Во еден калифорниски пустински град, Итан Инглебринк е ексцентричен, агорафобичен наркоман опседнат со својата градина. Оваа мрачна комедија ги следи последните денови од неговиот живот во потрагата по смисла, пред да биде прекасно. На прагот на исфрлување од станот, тој набрзина сади разни билки, во надеж дека ќе победи на натпреварот „Градина на годината“ и ќе освои сто илјади долари, за конечно да може да ја плати киријата. Неговиот постар брат Тод е уверен дека Итановиот спас е во опасност, па напомош го повикува лккалниот парох. Во урнебесната борба против соседите за најдобра градина, Итан мора да го поправи својот искривен живот и да ја спаси својата љубов. Потсвесно свесен за претстоечката смрт, одлучува дека, ако веќе мора да замине, ќе го стори тоа со стил.