Синопсис
Џими Долан (Кевин Бејкон) е асистент-тренер и поранешна универзитетска кошаркарска ѕвезда, чиј директен личен пристап го загрозил неговото издигнување до местото главен тренер. Тој забележува една тинејџерска кошаркарска сензација на видеокасета, испратена од една верски мисија на колеџот во Африка. Во надеж дека ќе ја унапреди својата кариера, тој брзо тргнува да го регрутира играчот за својот тим. Целта на Џими е еден висок воин од племето Винаби, по име Салех, кој живее во далечно село и треба да го наследи местото на племенски поглавар. Но, планот на Џими набргу пропаѓа кога неговата тактика за регрутирање создава напнатост и кавги во семејството на Салех и во целото племе Винаби.