Синопсис
Во оваа инвентивна и симпатична пародија на средношколските комедии и хорор- филмови, Кортни, Џули, Марси и Лиз се најдобри пријателки. Или, да бидеме попрецизни, нив ги спојува нивниот статус на најпопуларни и најубави девојки во средното училиште „Реган Хај“. Тие се на врвот на својата популарност, кога една наивна роденденска шега што ја прават врз Лиз, најмилиот член на дружината, доведува до нејзина случајна смрт. Кога бубаџиката во класот, Ферн Мејо, ги среќава нивните обиди да го прикријат убиството, Кортни прави зделка: тие ќе ја направат Ферн згодна и популарна, во замена за нејзиното молчење. Резултатот на тоа е мрачна хумористична приказна за корупцијата, покајанието и животното значење на тоа да се биде популарен на тинејџерските години.