Синопсис
Во овој напнат и трогателен трилер, Џон Траволта игра уметник кој целиот свој живот својот неверојатен талент го користел на сосема погрешни, претежно нелегални работи. Откако дознава дека син му боледува од рак, тој се спогодува за излез од затворот, а за возврат треба да го стори невозможното - да ја украде сликата на славниот импресионистички сликар Клод Моне. Во овој неверојатен потфат се здружува целото семејство - дедото, таткото и синот, и го планираат грабежот на нивните животи.