Синопсис
Филмот е снимен според вистинита приказна за ветеран од Втората светска војна и семеен човек кој станува ограбувач на банки. Фрустриран и разочаран од своите повоени околности, Еди Бојд е растргнат помеѓу потребата да обезбеди егзистенција за своето младо семејство и неостварениот сон да оди во Холивуд и да стане актер. Кога ќе открие начин да ги оствари обете желби - со ограбување банки во холивудски стил, неговиот сон за sвездите го води по неочекуван пат на криминал, опасност и трагедија.