Синопсис
Млад Чеченец и посветен муслиман пристигнува во Хамбург и предизвикува сомнеж во германската шпионска заедница поради можна поврзаност со исламските милитанти. Германската адвокатка за човекови права Анабел се обидува да го спаси од депортирање и да му помогне да ги наследи парите што му ги оставил татко му на тајна сметка, која ја контролира 60-годишниот британски банкар Томи Бру. Соперничките разузнавачки служби на Германија, Велика Британија и САД имаат свои теории за тоа кој е Чеченецот и кои се неговите соработници…